Ќе се сечат седум дрвја покрај ул. „Лазар Личеноски“

192

На улицата „Лазар Личеноски“ ќе се сечат седум дрвја. Како што информираа од Град Скопје, дел од дрвјата се исушени, а дел навалени и претставуват потенцијална опасност за минувачите.

Сечењето на дрвјата ќе го изведе екипа на ЈП „Паркови и зеленило“ поради изведување реконструкција на улицата “Лазар Личеноски“, во која ќе бидат опфатени и коловозот и тротоарите.