Ќе се реконструираат шест спортски терени во паркот во Сарај 

45

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за реконструкција на спортски терени во склоп на паркот Сарај, со која се предвидува реконструкција на шест спортски терени.

-Овој проект се реализира на барање на граѓаните, а со неговата реализација ќе се овозможи на сите посетители на паркот во Сарај да можат да се рекреираат на целосно реконструирани спортски игралишта, велат од Градот и додаваат дека работите на терен ќе ги реализира јавното претпријатие „Улици и патишта“.

Според градските власти, со овој проект ќе се врати сјајот на едно од најстарите излетнички места во Скопје, кој е изграден во далечната 1948 година и се простира на површина од 240.000 квадратни метри.