Ќе се реконструираат краците 50,38 и 40 на улицата „Македонско – косовска бригада“

100

Град Скопје финансиски ќе ја помогне реконструкцијата на краците 50, 38 и 40  на улицата „Македонско-косовкса бригада“ во Шуто Оризари. За таа цел, на наредната седница на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в четврток треба да се донесе одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општина Шуто Оризари.

– Врз основа на проценка извршена од страна на изработувачот на проектната документација, констатирано е дека за реализација на проектот за реконструкција на улица „Македонско Косовска Бригада“, крак 50 во Општина Шуто Оризари потребни се 4.303.898,00 денари со вклучен ДДВ. Овие средства ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје за 2023 година. Град Скопје од буџетот за годинава ќе обезбеди и 5.831.140 денари со вклучен ДДВ за реконструкција и на краците 38 и крак 40 на улицата „Македонско – косовска бригада“ – се наведува во образложението на одлуката.