Ќе се произведува енергија од отпад

209

Од Општина Петровец, на чија територија ќе се гради биогасната централа, објаснија дека таа е решение за процесирање на силажата на пченка и ѓубриво од говедо, односно со биогас до енергија. – Технологијата е заснована на ферментација во реактори. Има силажа на пченка од 220 тони на ден со одредена влажност и ѓубриво од говеда со 50 тони на ден. Централата на биогас ќе произведува биогас од 48.446 кубни метри на ден, цврсто ѓубриво 83 тони на ден и 129 тони течно ѓубриво на ден. Исто така, ќе произведува електрична енергија когенеративна единица, максимално три пати по 1.500 киловати, а ќе има и топлинска енергија од 2.649 киловати – објасни  Блаже Арсовски, соработник за уредување на градежното земјиште во Општина Петровец

 

Селото ‘Ржаничино, Општина Петровец, ќе стане место каде што ќе се произведува енергија од обновливи извори, благодарение на биогасната централа од три мегавати што ќе се гради таму.

Министерството за транспорт и врски на 12 јуни 2023 година, во 11 часот, во просториите на Општина Петровец, организира јавна презентација и расправа по нацрт-извештајот за стратегиската оценка на животната средина – урбанистичкиот проект надвор од опфатот на Урбанистичкиот план за ЈП 2 со намена  Г3 – производство на енергија од обновливи извори, Г3.7 – биогасна централа. Додека до 27 јуни 2023 година сите заинтересирани можат да ги доставуваат своите забелешки, мислења и сугестии до Министерството за транспорт и врски.

Од Општина Петровец, на чија територија ќе се гради биогасната централа, објаснија дека таа е решение за процесирање на силажата на пченка и ѓубриво од говеда, односно со биогас до енергија.

– Технологијата е заснована на ферментација во реактори. Има силажа на пченка од 220 тони на ден со одредена влажност и ѓубриво од говеда со 50 тони на ден. Централата на биогас ќе произведува биогас од 48.446 кубни метри на ден, цврсто ѓубриво 83 тони на ден и 129 тони течно ѓубриво на ден. Исто така, ќе произведува електрична енергија когенеративна единица, максимално три пати по 1.500 киловати, а ќе има и топлинска енергија од 2.649 киловати – објасни Блаже Арсовски, соработник за уредување на градежното земјиште во Општина Петровец.

За биогасната централа ќе бидат задолжени осуммина вработени, а таа ќе се состои од два дигестора, еден поддигестор, фонд за филтрирање, четири објекти за складирање на силажата со различна височина, две трафостаници и дизел-агрегат со пречистителна станица.

За оваа биогасна централа веќе постои идеен проект, врз основа на кој ќе се  изработи основен, по што ќе се издаде одобрение за градба.

Од Општината велат дека сè уште немаат комплетни информации, но  градоначалникот Борче Митевски истакна дека на тој начин ќе се намали загадувањето, бидејќи целото ѓубриво ќе се носи на обработка и ќе се произведува гас од него.

(А.П.)