Ќе се пензионирам во Порто

139

Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас, откри дека својата богата кариера ќе ја заврши во дресот на португалскиот гигант Порто.

  • Откако пристигнав во Португалија, претседателот на Порто, Пинто да Коста се однесува на прекрасен начин со мене. Оваа недела ќе го продолжам својот договор. По неговото завршување ќе бидам на 40 години. Дефинитивно ќе ја завршам кариерата во Порто, изјави Касиљас за „Ел Диа Деспуес“.

Шпанецот го напушти Реал (М) во 2015 година, а на „Драгао“ запиша 149 натпревари, во кои ја сочувал мрежата на 71 натпревари.