Ќе се отвори центар за одмена на семејна грижа

84

Новореконструираниот објект на Специјалниот завод „Демир Капија“ наречен „Депанданс“, ќе биде отворен како цнтар за одмена на семејна грижа, во текот на годинава.

Во тек се подготовките овој објект да биде отворен напролет.

Имено, семејствата што сами се грижат за член со попреченост или за член кој од други причини е зависен од грижата на семејството (старо лице, болно и изнемоштено), ќе можат да добијат оддишка 15 дена во текот на една година, така што грижата за зависниот член на семејството ќе ја преземе идниот центар за одмена на семејна грижа.

Оваа услуга ќе биде за прв пат воведена со Законот за социјална заштита.