Следниот викенд ќе биде и тоа како возбудлив за љубителите на УФЦ, бидејќи во октагонот силите ќе ги одмерат Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејчи, на настанот УФЦ 254. Американецот е предизвикувач, па за очекување е што му се заканува на Дагестанецот пред мечот, но овој пат употреби неколку тешки зборови во најавата за дуелот, за кои Хабиб ќе се обиде да ги „наплати“.

-Влогот е огромен. Ова може да го промени мојот живот. Излегувам и победувам? Го менува мојот живот во целост. Подготвен сум и можете слободно да се обложите дека нема да испаднам кучка!, истакна Гејчи.

Двата ривали се познати по одличните техники на борење, но Гејчи ќе има и други начини да се бори против Нурмагомедов.

  • Ќе излезам во октагонот и ќе се обидам да му го размонтирам лицето, ви ветувам! Многу е тешко да се победи овој човек во моментов. Особено сега кога почина неговиот татко, тоа е дополнителна мотивација за него. Тој ќе биде 100 проценти мотивиран, но јас верувам дека можам да го победам. Ако добие осум чисти удари, навистина верувам дека ќе разбере дека не сака да претрпи таква штета, верува Гејчи.

Тој додаде дека не мисли што ќе стори во случај да го освои појасот.

  • Кога ќе го освојам овој појас, јасно е дека ќе имам цел и нема да морам да повикувам никого. Искрено, не е важно со кого ќе се борам по Хабиб. Тоа ќе го зацементира моето наследство и тоа е единственото нешто за што сум тука, заврши Американецот.