Ќе се обесштетат земјоделците чии ниви беа поплавени во 2016 година

52

Изнајдено е решение за да може да се обесштетат жителите од поплавите во Скопско, во 2016 година, соопшти министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

– Иако се тие штети во секторот земјоделство, штетите не може да ги исплати Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Се работи за штети кон земјоделци што не се исплатени од 2016 година, затоа што тогашната власт со една уредба го има скратено патот на документите. Бидејќи сите се започнати од локалните самоуправи, според Законот за заштита и спасување, и таа уредба покажува дека владината комисија која ја врши проценката на штета и елаборатите каде што пристигнуваат ги пренасочува кон МЗШВ каде што се во една слепа улица каде што ние не можеме никако да постапиме. Тоа им е соопштено и ним, појасни министерот Димковски.

Тој додаде дека започната е постапка и дека е најдено законско решение.

-Пред две недели се усогласени Законот за заштита и спасување, кое е под Министерството за одбрана, а последната информација е дека работната група го има усогласено, а тоа значи финансии, одбрана и земјоделство. Од кај нас е веќе пратено позитивното мислење, штом ќе се комплетира, а очекувам денеска, утре најдоцна, како владин предлог измени на Законот за заштита и спасување да биде испратен во Собранието. Тоа ќе ни овозможи токму документите што ги имаме тука во Министерството да бидат доставени до Владата каде ќе се одреди процентот за обесштетување. Ова може е начинот. Талкавме две години да го најдеме патот, но конечно е најдено законско решение, за да го исчистиме патот, рече Димковски.