Ќе се набават три вида садници во вредност над 21 милион денари

195

Град Скопје ќе набави три вида на садници. Станува збор за дрворедно декоративни садници, садници со топијарни форми, како и зимзелени садници.

За таа цел е распишан оглас за јавна набавка чија вкупна проценета вредност е  над 21 милион денари. Поточно, за декоративни садници проценетата вредност е околу 8,5 милиони, а садници со топијарни форми исто толку и за зимзелени садници над 4 милиони денари.

Носителот на набавката е должен испораката на садниците да ја изврши сукцесивно во период од 12 месеци, сметано од денот на потпишување на договорот, во согласност со потребите на договорниот орган.

Воедно, при извршување на испораката на садниците, согласно условите од техничката спецификација, економскиот оператор е должен да достави садници кои се третирани (шишани, кроени) неколку пати и по можност да се во биоразградувачки контејнери.

Заинтересираните, своите понуди треба да ги достават најдоцна до 23 март.

(А.П.)