Во програмата „За модерно Скопје“, Арсовска има решение со стратешки проект „Изградба на источната порта на Скопје“, кое се состои во изградба на улици, клучка Хиподром – Инџиково, натпатник за пешаци кај „Велково меанче“, детелинка на мостот кај „Агросервис“, проширување на делот од „Агросервис“ до АСУЦ (трета лента) и раскрсница на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ со булеварот „Александар Македонски“, за која, пред извесно време, се вршеа испитувања и мерења на протокот на возила.

Дали има некакво придвижување и какво во однос на овие наведени проекти, од кабинетот на Арсовска за весникот ВЕЧЕР одговорија дека сите проекти што се ветени во програмата „За модерно Скопје“ без исклучок се работат, со цел да бидат реализирани во овој мандат и дека во моментот се работи на проектната фаза, бидејќи досега немало никаков проект, ниту била започната некаква постапка за овие проекти 

 

 

Ниту еден скопски градоначалник досега, иако предизборно ветуваа, не го реши проблемот со приклучувањето од автопатот на булеварот „Александар Македонски“, кој води кон Автокоманда. На приклучокот кај „Агросервис“, секое утро има невиден сообраќаен метеж. Колони возила, нервозни возачи, лазејќи, едвај се пробиваат низ тоа тесно грло за да стигнат до Автокоманда, бидејќи рој возила од автопатот, кои доаѓаат и од другите делови на градот, но и од други градови, се слеваат кон булеварот„Александар Македонски“.

Ниту од скопската градоначалничка Данела Арсовска, барем засега, нема навестување за скоро решавање, иако во нејзината програма „За модерно Скопје“, како стратешки проект, се наведува „изградба на источната порта на Скопје“, во рамките на кој, при влез во градот, се предлага генерално сообраќајно решение што ќе го намали сообраќајниот метеж. При тоа, како што се наведува, решението е со изградба на улици, клучка Хиподром – Инџиково, натпатник за пешаци кај „Велково меанче“, детелинка на мостот кај „Агросервис“, проширување на делот од „Агросервис“ до АСУЦ (трета лента) и раскрсница на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ со булеварот „Александар Македонски“, за која, пред извесно време, се вршеа испитувања и мерења на протокот на возила.

Освен тоа, во програмата, Арсовска предвидува дека и на влезoвите од градот ќе се обезбедат големи паркинг- простори за паркирање возила што доаѓаат од околните градови. При тоа, ќе се обезбеди редовна автобуска линија до секој паркинг.

Дали има некакво придвижување и какво во однос на овие наведени проекти, од кабинетот на Арсовска за весникот ВЕЧЕР одговорија дека сите проекти што се ветени во програмата „За модерно Скопје“ без исклучок се работат, со цел да бидат реализирани во овој мандат.

– Што се однесува за конкретните проекти, во овој момент се работи на проектната фаза, бидејќи досега немало никаков проект, ниту била започната некаква постапка за овие проекти. Проектната фаза, бидејќи се проекти од капитален карактер, трае 230 дена, при што со изработка на проектна документација за дел од наведените проекти е започнато во 2022 година, согласно со можностите на буџетот, а за останатите – во оваа година. По завршувањето на проектната документација, ќе се започне со реализација на проектите – велат од кабинетот на Арсовска.

(А.П.)