Ќе се грми сред Амстердам за Пандев и дружината

63

Властите во Амстердам, еден од двата градови заедно со Букурешт каде македонската фудбалската репрезентација ќе ги игра своите натпревари на претстојното Европско првенство (ЕП), донесе одлука според која ќе биде дозволено да има публика на натпреварот помеѓу репрезентациите на Холандија и Македонија.

Организаторите во Амстердам најавија дека ќе дозволат влез на најмалку 12.000 гледачи на стадионот со капацитет од 55.000 седишта. Холандските медиуми открија дека таквата одлука не е конечна, односно, дека доколку има подобрување на ситуацијата со коронавирусот, можно е да биде дозволено да има и повеќе гледачи, односно да биде ставен во употреба целиот капацитет на стадионот „Јохан Кројф“.

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин рече дека сите градови домаќини мораат да обезбедат влез на одреден број навивачи и оти ниту еден дуел на ЕП не би смеел да се игра пред празни трибини и пандемијата на коронавирус.

Конечната одлука на кои стадиони ќе се игра ЕП закажано од 11 јуни до 11 јули ќе биде позната на конгресот на УЕФА на 20 април.