Ќе се гради пристапен пат до новите градски гробишта

58

Општина Крива Паланка ќе добие 984.693,74 евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со заем од Светска банка.

Како што информираа од Општината тие аплицирале за изградба на пристапен пат кон новите градски гробишта, кој е во фаза на евалуација, а ќе биде отпочната и постапка за консултација кои други патишта ќе бидат рехабилитирани во рамки на проектот.

Во тек на месец март 2020 градоначалникот Мицевски потпиша Меморандум за разбирање, со што, Крива Паланка се вклучи во проектот кој ќе се реализира на подрачјето на општината и ќе овозможи подобра патна инфраструктура за граѓаните.