Ќе се градат и асфалтираат триесет улици

68

Општина Кочани обезбеди 125 милиони денари што до крајот на оваа година ќе ги вложи во изградба и асфалтирање на 30 улици во градот и во населените места.

Сообраќајниците што ќе добијат асфалт се со вкупна должина од 13 километри, при што две се веќе во фаза на градба, за 17 е избран изведувачот, а за осум улици во тек е јавниот повик за прибирање понуди од градежните фирми.

– Речиси половина од улиците што ќе се асфалтираат се во градот, односно во населбите Прокарка, Варница, Лесна индустрија и Усова Чешма, како и во близина на Споменикот на слободата и кај старата филтер-станица. Градежните се планираат активности и на десет улици во селата Оризари, Тркање, Долни Подлог, Мојанци и Прибачево. Освен тоа, во руралниот дел ќе се асфалтираат по два километри локални патишта, од котата Крушка до месноста Ајдар и од населбата Оризари до локалитетот Добра Вода – истакна Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани.