По договорената соработка за трка во Холандија, сопствениците на Формула 1, Либерти медија, сакаат трка и во Африка, а Мароко и Република Јужна Африка се најверојатните дестинации за натпревар.
Според зборовите на маркетинг директорот Шон Брачес, како останати дестинации се разгледуваат и Руанда и Нигерија, кои исто така покажаа интерес за организација на трка.
- Ова е една од дестинациите, за кои се интересираме. Во моментов имаме трки на пет континенти и единствениот без Формула 1 е токму Африка. Имаме доста продуктивни разговори со Република Јужна Африка и до помал степен со Мароко за ГН, па така нешто се прави за ова прашање, кое ни е важно, истакна Брачес