Ќе плаќаат ли скопјани повисока цена за улично осветлување?

435

Во наредната 2022 година од градската каса најверојатно ќе се одвојува повеќе пари за електрична енергија, со оглед на енергетската криза и распишување на нов тендер за набавка на електрична енергија од градските власти. Тоа ќе се одрази и на сметките на граѓаните за делот во кој се одвојува за уличното осветлување.

– Во моментов не можеме да дадеме проценки за висината на новиот договор и колку ќе се плаќа за електрична енергија во 2022 година, истото зависи од поголем број на фактори, но генерално се очекува повисока цена поради состојбата со енергетската криза – нагласија градските власти, но смируваат дека Скопје нема да остане без струја и улично осветлување додека се избере нова фирма, бидејќи е постапено во согласност со Законот за енергетика.

Градот Скопје во овој момент се снабдува со електрична енергија од Снабдувач во краен случај, согласно за Законот за енергетика и Правилата за снабдување со електрична енергија, откако на 1. 10. 2021 година беше раскинат договорот со компанијата „У ПОУЕР“, на нивна иницијатива, според кој цената за висока тарифа беше 4.029 денари без ДДВ за кв/час и за ниска тарифа 2.37 за кв/час без ДДВ.

Причина за постапката за одземање на лиценцата на „У Пауер“ е пријава од МЕПСО, од каде алармирале дека фирмата ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит.

(А.П.)