Ќе останеме без свињи во државата

138

Сите свињи од индивидуалните фарми во државата кои не ги исполнуваат основните биосигурносни мерки ќе бидат заклани, а сточарите ќе бидат обесштетени. Целта на оваа мерка која ја донесе АХВ е да се намали ризикот од африканска чума, но и максимално да се искористи економскиот бенефит од преземањето и колењето на грлата.

Како што информираше Гоце Трајчев, претседателот на Групацијата за производство на месо и производи од месо при СКМ уште денеска ќе биде натоварен првиот камион со свињи за колење. Целта на оваа мерка, како што информираше е донесена во соработка со фармерите, индустријата АХВ, МЗШВ…е да се превенира, а фармерите да бидат соодветно обесштетени.