Ќе му се оствари желбата:Тони Цетински ќе биде дедо додека во август (ќе) пее во Македонија

275

Пејачот Тони Цетински наскоро доаѓа на концерт во Македонија и тоа во август кога очекува вистинска голема радост во своето семејство. Ќе стане дедо за прв пат!
Неговиот син Кристијан и неговата избраничка Нина чекаат бебе, а тој својата среќа ја дели со сите добри луѓе.

– Дефинтивно знам дека наредниот месец август ќе бидам дедо. И тоа млад дедо. Веројатно ќе славам во Македонија, не знам точно на кој датум би славел, ќе видиме кога снаата ќе се породи. Но секако дека сите овие работи ми прават многу убавини. Убаво е убавиот настан да се прослави во Македонија, кога таму луѓето не само што убаво пеаат, туку знаат и вистински да се веселат.                                                        Одвај чекам да можам да почнам и да трчам по внуците. Се во свое време. Фала ти Боже, открива Тони кој како и неговиот татко Мирко-прадедо (поранешен пејач) многу се радуваат. Д.М.