Денеска со почеток во 12:00 часот ќе биде извршена ждрепката за 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, но големите европски клубови не се откажуваат од идејата за Суперлига и во следните три месеци ќе седнат на преговарачката маса со челниците од УЕФА од кои ќе биде побарано да се направи реформа на ЛШ, открива „Мирор“.

Британците пишуваат дека извршниот директор на Милан, Иван Газидис е предводник на работната група која е за реформа во Лигата на шампиони. Тимовите кои се дел од „Европското клупско здружение“ сакаат да имаат загарантирано место во најквалитетното клупско натпреварување.

Првата идеја е да не постои групна фаза туку да има една лига со 32 клуба. Би  требало да се играат 10 кола, а најдобрите 16 клуба ќе обезбедат пласман во 1/8 финалето и ќе обезбедат сигурен настап и следната сезона во ЛШ без разлика на постигнатиот резултат во домашниот шампионат.

Британците пишуваат дека извршниот директор на Милан, Иван Газидис е предводник на работната група за реформа во Лигата на шампиони. Тимовите кои се дел од „Европското клупско здружение“ сакаат да имаат загарантирано место во најквалитетното клупско натпреварување

Вториот предлог е да има шест групи со по шест клубови, а тоа значи дека ЛШ ќе биде зголемена за четири клуба. Се разговарало и на тоа како да бидат дефинирани групите пред ждрепката, односно да не бидат во една група најсилните клубови. Моментално правило е во првата група да бидат шампионите на најсилните седум лиги и бранителот на тронот, а според новиот предлог во првата група треба да бидат клубовите со најголем успех во фудбалската историја. Во вториот би требало да бидат тимовите како Ајакс, во третиот како Селтик, а во четвртиот претставниците на земјите од источна Европа.

Од претходно е договорено формирање на Евролига 2, а најдобриот од Евролига 2 ќе игра во Лига Европа, а најдобриот од Лига Европа ќе игра во Лигата на шампиони.

Пред неколку месеци „Гардијан“ откри дека УЕФА има план според кој од 32 клуба кои се натпреваруваат во ЛШ, 24 да имаат осигуран пласман благодарение на постигнатите резултати во домашниот шампионат во последните четири сезони.

Барса против Челзи според математичарите

За првпат во историјата на најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, во 1/8 финалната рунда ќе играат клубови кои се натпреваруваат во најсилните пет европски лиги. Ждрепката ќе биде извршена денеска со почеток во 12:00 часот, а како и секогаш, тимовите ќе бидат поделени на носители и неносители, односно на победници во групата и на второпласирани во групата.

Носители ќе бидат тимовите на ПСЖ, Баерн (М), Манчестер Сити, Јувентус, Ливерпул, Барселона, РБ Лајпциг и Валенсија, додека неносители ќе бидат екипите на Реал (М), Тотенхем, Аталанта, Атлетико (М), Наполи, Борусија од Дортмунд, Лион и Челзи.

Во 1/8 финалето не можат меѓусебно да играат клубовите од иста земја, ниту пак клубовите кои се натпреварувале меѓусебе во групната фаза. Поради полудиригираната ждрепка, математичарите пресметаа кои два тима имаат најмногу шанси да играат еден против друг. Дури 23.86% се шансите за дуел помеѓу каталонскиот гигант Барселона и лондонскиот премиерлигаш Челзи, а следен најверојатен пар е Тотенхем против Валенсија. Сепак, може да се случи да имаме и неколку спектакуларни дуели како Ливерпул против Реал (М), Барселона – Тотенхем или Реал (М) – Баерн (М).