Ќе има „Фајнал фор“ и во Лигата на шампиони!

37

Европската фудбалска асоцијација сака да ја продолжи Лигата на шампиони на 7 и 8 август со неодиграните натпревари од осминафиналната рунда.

Според „Скај Спортс Италија“ веќе се водат преговори за одржување на завршен „Фајнал фор“ во Истанбул. Сепак, постои опција турнирот да се игра во Германија, каде веќе започнаа натпреварите во Бундеслигата.

Во осминафиналето има уште четири двојки каде не е одигран реванш дуелот: Реал Мадрид – Манчестер Сити, Челзи – Баерн (М), Лион – Јувентус и Наполи – Барселона.

Четвртфинале веќе обезбедија ПСЖ, Аталанта, Атлетико (М) и Лајпциг.