Ќе има тензија и на крајот некој ќе плаче, се надевам дека тоа ќе биде Карачиќ

78

Европскиот, македонски и регионален ракометен шампион Вардар, по триумфот над Мешков Брест, најави победа и во дерби дуелот со полскиот шампион Киелце, во сабота  (17.30 часот), во СЦ „Јане Сандански“.

Интересно е што на страната од полскиот шампион на овој натпревар ќе настапи и доскорешниот бек на македонскиот шампион, Хрватот Игор Карачиќ. Токму него, а и тоа каков ќе биде мечот со Киелце го искоментира капитенот на Вардар Стојанче Стоилов.

 

 Киелце е борбена екипа, слична на нас, ќе има тензија и на крај некој ќе плаче, а се надевам дека тоа ќе биде Карачиќ, се пошегува во совјата изјава капитенот на Вардар

-Не очекува тежок натпревар со Киелце. Секогаш играме интересни и неизвесни натпревари со нив. Киелце е нашиот голем тривал, сите сакаме да победиме, очекуваме голема поддршка и од трибините. Имаме многу повредени играчи, а некои се враќаат од повреда. Јас можам да кажам дека ние на овој меч ќе го дадеме максимумот за да победиме. Киелце е борбена екипа, слична на нас, ќе има тензија и на крај некој ќе плаче, а се надевам дека тоа ќе биде Карачиќ, се пошегува во совјата изјава Стоилов.

Тренерот Едуард Кокшаров, ја најави средбата со полскиот ривал во ракометната елита.

-Ситуацијата  е таква што секоја победа не води напред, а секој пораз не враќа назад. Подготвени сме, иако имаме доста повредени играчи. Размислуваме само на победа, а натпреварот ќе покаже што и како ќе биде. Ситуацијата со повредените играчи ја следиме, а по последниот тренинг ќе одлучиме кој ќе игра, а кој нема да игра, изјави Кокшаров.

Последниот меч меѓу двата тима беше одигран во Скопје, во рамки на ЛШ и заврши со триумф на Вардар 28:27. Вардар моментно е на втората позиција во Б – група со 8 бода, еден помалку од Кил, а Киелце е трет со 7 бода исто толку има и четвртопласираниот Монпелје.