Ќе има понуда за Рамос

81

Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, откри дека клупските челници сериозно размислуваат околу опцијата да испратат понуда до капитенот на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), Серхио Рамос. Централниот дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до крајот на актуелната сезона, но се погласни се шпекулациите дека Рамос нема да ја продолжи соработката со Реал (М).