Ќе има клоца за Џампаоло

96

Иако доби поддршка од раководните лица, италијанските медиуми се убедени дека прашање е на часови кога седумкратниот европски клупски шампион, Милан, ќе стави крај на соработката со Марко Џампаоло.

Под водство на искусниот стручњак, Милан доживеа четири порази во првите шест натпревари од новата сезона. Челниците на Милан веднаш по поразот од Фиорентина изјавија дека Џампаоло има максимална поддршка, но така не сметаа италијанските медиуми кои се добро упатени.