Ќе експериментираат како да сме лабараториски глувци!

50

Повремениот репрезентативец на Англија, Дени Роуз, кој е во сопственост на Тотенхем, но актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на Њукасл, уште еднаш потврди дека е многу вознемирен поради најавите дека е можно да биде комплетирана, моментално прекинатата сезона во Премиер лигата.

Офанзивниот бек веќе има изјавено дека не сака да се врати на зелениот терен се додека трае пандемијата со смртоносниот вирус Ковид-19. Роуз е убеден дека фудбалерите сега ќе бидат дел од некаков експреримент, односно тие ќе послужат за да се види дали ќе функционираат групните собири.

Фудбалерот на Њукасл додаде дека не сака да го ризикува сопственото здравје за да ги забавува останатите луѓе. Доколку со успех заврши тест фазата во Англија, Премиер лигата би требало да продолжи на 12. јуни.

  • Луѓето зборуваат дека треба да се вратиме на фудбалската игра и тоа како да сме некакви лабараториски глувци. Ќе експериментирале во оваа фаза, да видат дали ќе функционира или нема да функционира. Можам само да ги замислам луѓето кои седат во своите домови и кои зборат: „Заработуваат толку многу пари, треба да се вратат на зелениот терен“. Дали вреди тоа? Јас да ризикувам со моето здравје, за да останатите луѓе имаат некаква забава? Искрено, јас не сакам да бидам дел од нешто такво, изјави Роуз.

И пред 10 дена, повремениот репрезентативец на Англија остро реагираше на информацијата дека треба да биде комплетирана актуелната сезона и покрај пандемијата со коронавирусот.

  • Владата кажува дека враќањето на фудбалската игра ќе го подигне моралот на нацијата. Ми се е*е за моралот на нацијата. Луѓето живеат во опасност. Сега не е време да се збори за фудбалската игра, ниту пак за продолжување на актуелната сезона. Така треба да биде се додека не се намали бројот на починати и заразени. Јас не ги слушам вестите и најавите. Не се замарам со тоа, затоа што сум тажен поради големиот број на заразени луѓе. Фудбалската игра треба да биде последната работа која треба да биде решена, изјави 29-годишниот лев бек.