Ирскиот УФЦ борец, Конор Мекгрегор, на прес-конференција објави дека се враќа во октагонот на 18 јануари 2020 година. Иако тој се пензионираше на почетокот на 2019 година, сепак одлучи да се врати во октагонот. Се претпоставува дека противник ќе му биде победникот од дуелот меѓу Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов.

-Датумот е одреден, ќе биде 18 јануари и навистина не ми е гајле кој ќе ми биде противникот. Најважно е да се има добра организација, онака како што прават сите милионери. Нема да консумирам алкохол и фокусиран сум само на борбите, истакна Мекгрегор.

Според неговите планови ќе одработи уште два натпревари, вклучувајќи го и реваншот со Нурмагомедов во Москва. И покрај тоа што прес – конференцијата ја одржа во Русија, Ирецот испрати неколку навреди на сметка на Дагестанецот.

-Ќе го прегледам списокот на борци како моторна пила низ путер, наведе 31-годишниот Ирец.

Неговата последна борба беше токму поради Хабиб, а во неа Дагестанецот победи со класично гушење со кое го натера Ирецот да се предаде.

-Се враќам во добра форма. Многу ми е важно да го фатам ритамот и што порано да се вратам, бидејќи со моите години е се потешко да се дојде до победата, заврши Конор.