Ќе го почитуваат кога и тој ќе покаже почит

120
epa10644429 Referee Ricardo de Burgos Bengoetxea (2-R) talks with Real Madrid's striker Vinicius Junior (R) during the Spanish LaLiga match between Valencia CF and Real Madrid at Mestalla stadium in Valencia, Spain, 21 May 2023. EPA-EFE/Biel Alino

Ретки се тие фудбалери или навивачи кои барем малку го почитуваат бразилскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Винисиус Жуниор. Поради тоа, крилниот напаѓач е главна мета на противничките навивачи во актуелната сезона, а често пати е жртва и на расистички навреди.

Таквата ситуација дојде до точка на вриење за време на првенствениот натпревар против екипата на Валенсија. Нервозниот Бразилец со прст покажа кон навивачот на Валенсија кој расистички го навредувал, а потоа доби црвен картон затоа што физички го нападна противничкиот фудбалер.

Ла Лига го поништи црвениот картон поради судиска грешка и ги отпушти сите судии кои беа во ВАР собата. Тоа е уште еден доказ за моќта на Реал (М), но иако има подршка од сите страни, поголемиот дел од ривалите во Шпанија му испратија јасна порака на Винисиус дека мора се спушти на земја.

Меѓу нив е и легендарниот голман Пепе Реина кој имаше сериозен проблем со Бразилецот кој на натпреварот против Вилјареал премногу лесно паѓаше после секој дуел со противничкиот фудбалер.

  • Стани и играј идиоте, му викна Реина на Вини, кој стрпливо чекаше и откако Реал (М) направи целосен пресврт дојде до клупата на „жолтата подморница“ и со насмевка му одговори на голманот: „Станав и играм“.

Реина збесна поради таквиот коментар и се обиде физички да се пресмета со Бразилецот. И неколку месеци подоцна, поранешниот голман на Ливерпул, останува на ставот дека Винисиус мора да покаже почит кон противникот затоа што само така ќе биде прифатен.

  • Винисиус? Колку помалку ги провоцираш противничките навивачи и колку помалку протестираш кај судијата, толку поголема почит ќе имаш кај останатите. Тој е на добар пат да биде најдобар во светот, но мора да созрее во однесувањето и мора да има поголема почит кон ривалите, изјави Реина.