Данило Брестовац, селекторот на македонската ракометна репрезентација на прес-конференцијата по поразот од Египет, истакана дека „црвено – жолтите“ во последното коло од групата ќе го победат Чиле и ќе одат во следната фаза на Мундијалот во Египет.

Ние имавме малку време за да се подготвиме за ова Светското првенство. Физички, не бевме добро спремни, но сметам дека моите играчи ќе бидат подготвени и физички и ментално за мечот со Чиле. Одигравме два меча со нив, сметам дека ќе го победиме Чиле и дека ќе одиме во следната рунда. Натпреварите против две силни репрезентации како Шведска и Египет треба да биде лекција за нас како да играме во иднина, изјави Брестовац.