Пица омилено јадење кај сите генерации. За оваа вкусна пица не морате да одите во пицерија. Едноставно почестете се себе си и своите најмили со пица од домашната кујна.

Состојки:

Домашно месено тесто за една поголема пица, 1 шолја сос од домати, 1 голема црвена пиперка, исечена на тенки ленти, 1 мала тиквица исечена на кругови и варена на пареа, 1 коцка кашкавал, сечен на тенки ленти, моцарела сирење, пармезан, босилек, оригано

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Замесете го тестото, обликувајте топка и направете круг на набрашнета површина. Со прстите туркајте го тестото од средина кон надворешниот раб, оставајќи подебел слој тесто на надворешниот.

Ставете го тестото во голем калап за пица и ако е потребно дополнително обликувајте го да го покрие калапот. Ставете го сосот од домати врз тестото рамномерно, а потоа наредете го зеленчукот, изрендајте кашкавал, ставете пармезан и парчиња моцарела, и наросете ги зачините. Печете 25 до 30 минути, или додека кората не се зацрвени, а кашкавалот и сирењето да се стопи.

Оставете ја пицата да отстои пред послужување.