Ќе ве запалам и во живо ќе го пренесувам тоа на Инстаграм

156

Алваро Мората и Дани Олмо не ги реализираа ударите од белата точка во полуфиналниот пенал рулет против репрезентацијата на Италија. Поради тие промашувања, Шпанија мораше да се збогува од трофејот на ЕП 2020, а Италија в недела ќе игра против Англија за европската круна.

Мората погоди во 80 минута и обезбеди на Шпанија две продолженија од по 15 минути, но во пенал рулетот не го реализира ударот од белата точка.

Веднаш по натпреварот, фудбалерот на калчо гигантот Јувентус и неговата сопруга, Аличе Кампело, добија голем број на заканувачки пораки на профилите кои ги имаат на социјалните мрежи.

„Вашите деца ќе доживеаат срцев удар“ и „Да не си ни помислила да објавиш фотографија од погодокот на Мората. Ако објавиш, ќе дојдам во вашата куќа, ќе ве запалам и тоа во живо ќе го пренесувам на Инстаграм, е пораката која Аличе ја доби после елиминацијата на Шпанија.

Мората повторно го носи дресот на „старата дама“ и со својата сопруга и децата живее во Торино.

  • Искрено, таквите пораки не допираат до мене. Не мислам дека тоа е фактор Италија, станува збор за фактор незнаење. Ако ова се случеше на некој кој не е толку ментално силен, ќе имаше поголем проблем. Се надевам дека во брзо време ќе има некаква посериозна акција околу таквите луѓе. Ова е срамно и неприфатливо, изјави сопругата на Мората.

Репрезентативецот на Шпанија беше жестоко критикуван за време на целото ЕП 2020, постојано добиваше морбидни пораки и смртни закани, а имаше и такви кои посакаа и смрт за неговите деца.