Ќе бидат попишани и тие кои ќе одбијат невакцинирани попишувачи

57

Граѓаните кои ќе одбијат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи за нив преку ротација ќе се обезбедат вакцинирани попишувачи, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Ќе се трудиме со максимална флексибилност тие граѓани што ќе одбијат невакцинирани попишувачи да бидат попишани од вакцинирани попишувачи. Кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, односно кај тие граѓани да бидат испратени вакцинирани попишувачи. Голем дел од поишувачите се вакцинирани, а мал е бројот на граѓаните кои одбиваат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи. Имајќи предвид дека пописот е 25 дена може да ги собереме сите податоци за граѓаните – вели Заев.