Стравичните пожари во Австралија и смртоносната пандемија со коронавирусот покажаа дека контроверзниот тенисер Ник Кирјос има и друга страна за разлика од онаа која најчесто ја гледаме на теренот и слушаме во коментарите упатени кон големата тројка – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер.

-Ако некој не работи, не прима плата, ако останал без храна или едноставно е во тешка ситуација, ве молам немојте да одите гладни на спиење, напиша Австралиецот со грчко потекло и додаде:

-Немојте да се плашите или да се срамите, пратете ми порака, Ќе бидам повеќе од среќен да поделам со вас се што имам, макар и кутија тестенини, векна леб, малку мелко … Ќе ви оставам пред вратата.

Ова е вторпат Кирјос да го остави без текс Австралијанците оваа година, откако на почетокот од оваа година се случија големите поплави на „Зелениот континент“

Ник тогаш со лична донација и изјава дека за секој одсервиран ас за време на зимсакта турнеја ќе одвои пари за помош, за загрозените покрена сериска реакција меѓу тенисерите и тенисерките, кои со задоволство му се придружија, а тоа вроди со плод и до завршувањето на турнирот Австралија опен беше собрана милионска помош.