Ќерката на Стивен Спилберг снима филмови за возрасни

1589

Режисерот Стивен Спилберг ја поддржа желбата на својата ќерка да се оствари како актерка во филмови за возрасни.

Микaела Спилберг, посвоената ќерка на Стивен Спилберг, неодамна објави дека планира да започне кариера во индустријата за возрасни. Како што објасни оваа работа ѝ влева сила и самодоверба.

Таа започна да снима соло филмови за возрасни во сопствена продукција на 23 години.

Ќерката на Спилберг, која живее во Нешвил, Тенеси, веќе поднела апликација за сексуален работник, и самопрогласено „сексуално суштество“, сподели таа во разоткривачко интервју споделувајќи дека нејзиниот познат татко ги поддржува нејзините потфати.

Според надежната ѕвезда, режисерот на „Шиндлеровата листа“ и неговата сопруга, Кејт Кепшо, биле „интригирани“ кога таа ги споделила новостите со нив за новиот порно потфат. Таа додале дека нејзините родители „не се вознемириле“ од она што го споделила со нив.

„Не гледам ништо лошо, ниту причина за срам за тоа што постои фасцинација за индустријата за возрасни. Безбедноста отсекогаш ми била на прво место и не го правам ова за да повредам некого, туку за да ги славам своето тело и својот живот, изјавила Микаела.

Таа веќе некое време објавува самостојни снимки, ама повеќето видео-клипови се отстранети до интернет.

Микаела објасни дека по долгогодишната борба со алкохолизмот и анорексијата, смета дека ова е професија што ќе ја направи посилна.

Извор:FoxNews