Сите љубители на фудбалот, особено македонските, многу добро го знаат името Дејвид Симан, кој пред 16 години прими гол од Артим Шакири директно од корнер.

Легендарниот голман на репрезентацијата на Англија и на лондонски Арсенал, важеше за еден од најдобрите голмани на светот во текот на 90-тите години и секогаш бил познат по тоа што е вистинска женкар.

Од врската со Деби Роџерс во 1995 година, тој доби и ќерка, Георгина Симан, која 25 години подоцна привлекува огромно внимание каде и да се појави.

Причината се нејзините огромни гради. Георгина не ги крие, таа е горда на нив, а многумина веруваат дека треба да направи нешто и да ги намали.

Георгина веќе долго време е целосно независна од својот татко. Таа има свој салон за убавина и нејзината работа одлично и оди.