Лурдес Леон, 24-годишната ќерка на Мадона, е едно од заштитните лица на новата модна компанија на Ријана, Savage X Fenty. Во новите модели на Ријана, заедно со Лурдес позираа и модните икони, Синди Крафорт и Емили Ратајковски.
View this post on Instagram
Колецијата на Ријана ексклузивно ќе се прикажува на Amazon Prime, а Лурдес ја најави со серија „жешки фотографии“ на својот Инстаграм профил, на кои позира во градник од латекс, наметка и чизми.
View this post on Instagram
„Прекрасна си Лурдес. Ги имаш очите на мајка ти“, коментираше еден од нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Ќерката на Мадона под фотографиите доби стотици коментари со пофалби за нејзиниот изглед.
Лурдес на модната писта дебитираше во 2018 година на Њујоршката недела на модата, на една ревија беше и модел за долна облека, а се појави и во кампањите на Сваровски и на Мајк Џејкобс.
View this post on Instagram
Летово таа се појави и на насловната страница на Вог заедно со моделите Џиџи Хадид и Каја гербер.
Во стилот на својата мајка и Лурдес ја покажува својата екстравагантност на необичен начин.
View this post on Instagram
Неодамна ќерката на Мадона „крена прашина“ во модниот свет кога се појави со недепилирани пазуви, промовирајќи нов тренд.