Што е убаво и на Господ му е мило!

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева, е мошне популарна на Инстаграм каде има огромен број фанови, а нив таа одвреме-навреме знае да ги почести со по некоја своја секси фотографија, особено во овој летен период.

Овој пат згодната Александра објави фотографија на која позира под жешкото сонце некаде на Медитеранот и тоа во модерен бел костим за капење. Никој од фановите не остана рамнодушен. Настана вистинска гужва на социјалните мрежи од желбата сите да ја видат. И имаа(т) што да видат.

Белиот модел на костим за капење е хит на плажите ова лето иако на плажите нема многу народ поради вирусот, но и тие што ја среќаваат Александра, велат дека пред нивните очи е вистинска природна убавица без силикони и останати помагала. И не само убавица, туку и културна девојка, која секогаш ќе ве поздрави со скромна насмевка, велат луѓето.

Блазе си му на тато Зоки, кој си има таква ќерка, ем убава, ем умна. Но секако и на дечкото на Александра, a кој сега-засега не ни го открива. Впрочем, погледнете сами за што зборуваме. Па, нели е убава госпоѓицата Заева?! Д.М.