Ќeрката на кралот на рокенрол, Лиза Мари Присли, била фатена додека излегувала од суд, каде таа и нејзиниот поранешен сопруг Мајкл Локвуд се борат за старателството над 11-годишните близначки. Единствената ќерка на Елвис беше изморена  и скршена по долгото судење, каде што пристигна со една пријателка.

„Sunn“ известува дека судската битка би можела да трае барем до крајот на август годинава, а поранешните сопружници се чини дека  се далеку од добри односи. Локвуд и Лиза Мари се разделија по 10 години брак, а нејзиниот поранешен неодамна побара од судот да ѝ го одземе старателството над девојчињата.

Тој  се плаши дека Присли може повторно да биде зависник по трагичната смрт на нејзиниот син Бенџамин Кеуф. „Синот на Лиза Мари Присли се самоуби во својот дом. Со целосна почит, оваа ситуација произведува серија загрижувачки факти. Едната е безбедноста на нашите деца, а другата е можноста таа повторно да започне со земање разни опијати”, се вели во неговиот судски извештај. Тој, исто така, изрази загриженост за пиштолот што Лиса Мари го има дома. Локвуд исто така стравува дека смртта на нејзиниот син би можела да привлече дополнително внимание на неговите ќерки, што тој во никој случај не го сака.

Бенџамин почина пред некое време, а неговата мајка, ќерката на Елвис Присли, поминува многу време во друштво на неговата девојка Дајан Пинто. Според странските медиуми, Лиза Мари и Дајан се поддржуваат едни со друга во овие тешки времиња.