Кога се чини дека веќе им дојде крај на драмите во семејството на Анџелина и Бред, тие повторно нè шокираат. Имено, како што пишува „ New Idea“,  нивната 14-годишната биолошка ќерка Шајло исчезнала на 48 часа. Таа побегнала од дома заради сè што се случува во семејството.

Нејзиниот татко, со кого е многу блиска, е во врска со манекенка која личи на  нејзината мајка, а Анџелина не може да го сокрие разочарувањето и гневот и сето тоа оставило голем белег врз девојчето.

Справувањето со четири години грди борби меѓу нејзините родители додатно довело до натажена и влошена состојба кај Шајло. Таа одлучила да побегне од дома за да го најде сопствениот мир. Заминала во куќата на нејзината пријателка цели два дена без никому да каже каде се наоѓа. Иако по тие два дена се смирила и се вратила дома, исплашените родители повикале полиција.

– Енџи умре од грижа, како што можете да замислите. Таа знае дека Шајло има поразлични потреби од своите браќа и сестри. На Енџи едноставно ѝ беше тешко да биде таму за сите нив во исто време и со иста мера. Шајло е помирно и повлечено дете, па затоа понекогаш е тешко да се знае што ѝ се случува во главата, вели близок извор на семејството.

Откако целиот персонал од нивната вила тргнал во потрага по 14-годишното дете, таа решила да ѝ се јави на нејзината мајка и да ѝ каже дека е добро. Иако Анџелина била загрижена, сфатила дека на Шајло ѝ треба малку одмор и време да размисли. Сепак, го обвинуваше Бред за сè, кој „парадира со германски модел додека децата го гледаат сето тоа.

Никол, наводно, е во отворена врска со нејзиниот сопруг, 68-годишниот германски угостител Ролан Мери, а бидејќи Бред сè уште е во врска со мажена жена тоа може да влијае врз одлуката на судот и да го изгуби заедничкото старателство. Но, и пријателите на Анџелина велат дека таа планира да ја искористи романсата на Бред со Никол за време на нивното претстојно судење.