„Њујорк тајмс“: Трамп зел хипотекарен кредит од пет милиони долари

148

Американскиот претседател зел заем од банка од пет милиони долари под формата – хипотекарен кредит, објави Њујорк тајмс.

По податоци на службата што следи финансии на американскиот претседател,  актуелниот шеф на државата склучил договор за добивање заем за купување недвижен имот во 2018 година.

Сумата на кредитот е пет милиони долари.

Во документот се нагласува дека Трамп имал 14 кредити за околу 50 милиони долари.

Претходно се појави информација дека претседателот на САД лани заработил 479 милиони долари.