Жителите на Њујорк деновиве се будат во чад поради пожарите во западниот дел на САД.

Поради атмосферските струења, чадот од шумските пожари што беснеат во западниот дел на САД пристигна во таканаречениот „три-државен регион“ составен од Њујорк, Њу Џерси и Конектикат.

Одделот за заштита на природната средина на Њуорк синоќа ги алармираше жителите на Њујорк за нарушениот квалитет на воздухот.

Според Националната администрација за океани и атмосфера (НОАА), рекордните жештини и сушата во западниот дел на САД го зголемиле ризикот за шумски пожари ова лето.

Во Орегон, пожарникарите се борат со пожар наречен „шверцерски“ (Bootleg) што зафати шума на површина од околу 900 квадратни километри. Овој пожар е само еден од низата, околу 80 пожари, што горат во десеттина држави. Само во Орегон и Вашингтон засега беснеат 16 пожари. Пожар на површина од околу 50 квадратни километри има и во северна Калифорнија.

Експертите предупредуваат дека жешкото време и сушата се резултат на климатските промени, кои го направиле Западот најжежок и најсув во изминатите три децении. Жештините се очекува да бидат поекстремни а шумские пожари подеструктивни