Њујорк: Казни од 50 до 1.000 долари за неносење маска

29

Њујорк ќе воведе казни за сите кои нема да носат маски, сè додека бројот на позитивни случаи се качува над три проценти, рекол градоначалникот Бил де Бласио.

Освен Њујорк, 28 други држави забележале зголемување на бројот на заразени во последните две недели и пораст на хоспитализирани лица поради ковид-19 во неколку држави во Средниот запад.

Њујоркшките полицајци прво ќе понудат бесплатни маски на оние што ќе ги видат без маски во јавност. Ако ги одбијат маските, ќе добијат казна, рекол Де Бласио.

„Не сакаме да ги казнуваме луѓето, но ако мораме, ќе казнуваме“ рекол тој.

Казните, кои ќе бидат до 1.000 долари, ќе ги спроведува градската полиција и здравствените власти. Слична уредба воведе државната управа на градскиот превоз, според која патниците кои одбиваат да носат маска во јавен превоз плаќаат казна од 50 долари.