Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, на првата прес конференцијата, рече дека наскоро очекуваат да пристигнат првичните резултати од избрачките места.

„Со право очекуваме вечерва резултатите да ги потврдат бројните анкети и расположението на граѓаните за кое бевме сведоци во текот на целата кампања.

Очекуваме сигурна победа за СДСМ и чист мандат за коалицијата Можеме.

Победа на нашиот концепт за европска интеграција“, рече Николовски.

Не кажа колку мандати очекуваат. Рече дека првичните резултати што стигнуваат до него покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата Можеме.

Имавме мирен, достоинствен и здравствено безбеден ден, како што доликува на демократска земја.

Им благодарам на сите граѓани што излегоа да гласаат.

Рече дека денешниот изборен ден минал во најдобар ред.