Љупчо Николовски избран за шеф на изборниот штаб на СДСМ

116

По предлога премиерот Зоран Заев, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, е избран за шеф на изборниот штаб на владејачката партија за предвремените избори.

Ваква одлука донесе Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз што се одржак синоќа, а поранешниот министер за земјоделство, кој ја напушти Владата за да се посвети на партијата, бил предлог на претседателот Зоран Заев.

Од друга страна, централниот одбор ја задолжил заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите на 12 април