Љубљана во облак од дим: Голем пожар во магацин, жителите предупредени да останат дома/ВИДЕО

245

Во голем магацин во населбата Шентвид во Љубљана синоќа избувна пожар поради што густ чад се шири над овој дел од словенечката престолнина.

На локалните жители им е препорачано да останат во своите домови и да не ги отвораат прозорците, пренесува СТА.

Пожарот се проширил од палети наредени до зградата и го зафатил магацинот на неколку фирми во кој имало и гуми, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Според полицијата, во моментот на пожарот во зградата немало никој. Пожарот бил пријавен во полиција во четири часот наутро.

Во гаснењето на пожарот учествуваат Противпожарната единица на Љубљана и неколку доброволни противпожарни единици.

Во прекин е сообраќајот на автопатот северозападно од Љубљана и по околните улици, како и железничкиот сообраќај во регионот на Горење.