Тренерот на швајцарскиот тенисер Роже Федерер, Иван Љубичиќ, истакна дека најтрофејниот тенисер на сите времиња се опоравува од операцијата на коленото и дека воопшто не спомнал дека планира да се повлече од тенисот.

-Роже поминива низ процес на рехабилитација по операцијата. За нас оваа ситуација не менува многу во таа симисла, програмта е иста како и да немало вирус. Се уште немаме разговарано за 2021 година. Времето не запира, ќе има 40 – години следната сезона, но ништо не ми наговестил за можно пензионирање, изјави Љубичиќ.

Поранешниот трет тенисер во светот вели дека се уште е неизвесно кога тенисот ќе продолжи да се игра, а воедно ја поддржа и и дејата на Федерер да се обединат АТП и ВТА.

-Би сакал да го видам единственото тело, тоа би можело да донесе многу повеќе отколку сега. Размислуваме и за ТВ мрежи кои би можеле да ги купат праватаза машките и женските грен слем турнир и мастерси. Идејата е добра, но треба да дојде до нејзина реализација, заврши Хрватот, кој со Федерер работи од 2016 година.