Љоренте партнер на Несторовски

45

И покрај интересот на далеку попознатите клубови, шпанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Фернандо Љоренте, својата богата фудбалска кариера најверојатно ќе ја продолжи во редовите на Удинезе. Искусниот напаѓач бил најмногу заинтересиран за понудата на Удинезе затоа што раководните лица на „црно-белите“ му ветиле статус на стандарден првотимец. Доколку се пресели во Удине, шпанскиот интернационалец за тимски колега ќе го има репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски.