Љоренте партнер на Киеза

94

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина, најверојатно ќе биде следната дестинација на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Фернандо Љоренте.

Поради очајната минутажа која ја имаше во изминатата сезона, искусниот напаѓач сака да ја промени средината до крајот на летниот преоден рок. Пред неколку сезони шпанскиот интернационалец го носеше дресот на калчо гигантот Јувентус, а челниците на Фиорентина се подготвени да одвојат околу 10 мил. евра за неговото обесштетување.