Претходната сезона во НБА-лигата заврши со „балон“ на Флорида, но се чини дека во следната ќе има и публика на трибините, а Јута ќе биде меѓу првите што ќе играат пред ограничен број навивачи, објави клубот.

Арената„Вивинт Смарт Хоум“ има капацитет од 18.306 гледачи, но на натпреварите ќе може да присуствуваат само 1.500 гледачи и тоа на пониското ниво на салата, како и ограничен број навивачи во ложата. Јута објави дека ќе бидат воспоставени неколку безбедносни мерки, кои вклучуваат задолжително носење заштитни маски, како и подвижни влезови.

  • Јута верува дека ова е безбеден начин да се започне сезоната од гледна точка на јавното здравје и безбедноста. Намерата е да се зголеми бројот на навивачи како што одминува сезоната, во согласност со упатствата на властите, изјави претседателот на Јута, Џими Олсон.