Јута: Руди Гобер и Донован Мичел го победија коронавирусот

23

Руди Гобер, кој беше првиот заразен кошаркар со коронавирус во НБА лигата, и неговиот соиграч Донован Мичел во целост се опоравија од коронавирусот, соопшти Јута.

– Играчите повеќе не претставуваат опасност за инфеkција, објави НБА тимот од Солк Лејк Сити од каде додаваат дека никој во клубот повеќе не е заболен од коронавирус.

По објавата за позитивниот тест на коронавирус на Гобер, раководството на НБА лигата донесе одлука за прекин на натпреварувањето и засега нема информации кога би можело да продолжи.

Извор:МИА