Јусеф наследник на Обамејанг

58

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на големиот талент од редовите на шпанскиот прволигаш Севилја, Јусеф Ен-Несри. Станува збор за 24-годишен напаѓач кој моѓе да игра и на централната и на крилните позиции во офанзивната линија. Репрезентативецот на Мароко ќе се пресели на „Емирати“ само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 30 мил. фунти.