Јункер е за зголемување на буџетот на ЕУ

25

Во актуелната криза со пандемијата станува збор за здравјето на луѓето, за живот и смрт, и кон тоа треба да се има сосема поинаков однос од сите други претходни кризи во ЕУ, рече поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој е за поддршка на зголемување на буџетот на ЕУ.

„Потребно е масовно зголемување на буџетската рамка на ЕУ до 2027 година“, рече Јункер за виенскиот весник Стандард.

Предлогот на Европската комисија веќе не е доволен, тврди тој.

Долгогодишниот шеф на Еврогрупата вели дека тој во основа го поддржува концептот на европски обврзници и дека тој самиот ги предложил во евро-кризата во 2010 година, но додава дека такво нешто не може да се направи преку ноќ.

„Тоа трае предолго, а сега итно е потребна помош“, истакна Јункер.

Тој рече дека ги поддржува тековните предлози, како што е можноста да се мобилизираат 410 милијарди евра од Европскиот фонд за солидарност, како и преку заемите на ЕИБ.

Извор: МИА