Јунајтед ќе мора да извади 50 милиони фунти за Лонгстаф

165

Манчестер Јунајтед ќе мора да плати 50 милиони фунти за младиот фудбалер на Њукасл, Шон Лонгстаф, ако сака да го привлече, пишува весникот „Сан“.

Се шпекулира дека „црвените ѓаволи“ фрлиле око на играчот и неодамна дадоа понуда за него, но останале шокирани од високата цена барана од „страчките“. Се смета дека 21 годишниот млад играч е една од најсериозните цели на Оле Гунар Солскјер за новата сезона, иако минатата сезона одигра само 9 натпревари во првенството, кои сепак очигледно биле доволни за да убеди многумина дека поседува квалитети.

Извршниот директор Ли Керни, сепак, бил доста категоричен кога Ед Вудворд го прашал за цената на Лонгстаф. Од друга страна, сепак, може тоа е можност за Њукасл да добие колку што е можно повеќе пари за играчот од средниот ред, кој всушност не чини 50 милиони.